Уставното име на државата ќе се користи како техничко решение за проблемите во Мешовитата комисија

Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, ќе се употребува уставното име на земјава.

Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.

Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.    

“Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници”

Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во динина би се користел теминот официјален јазик на РСМ.

“Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”

Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons