Убиство во Инџиково – му побарале пари, па го застрелале пред сопругата

Обид за грабеж завршил со убиство. 49-годишен жител од скопско Инџиково, синоќа во 23 часот и 6 минути бил затстрелан во својот дом од две лица.

Трагичниот настан се случил откако двете лица вооружени влегле во дворот на жртвата и му побарале пари.

Мажот им се спротиставил и не им дал пари, по што напаѓачите го застрелале. Расправијата се случила пред очите на сопругата која веднаш повиката полиција и брза помош.

Соседите велат дека долго време го познавале убиениот, за кои ни рекоа дека бил мирен и добар човек.

sitel.com.mk

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons