Уапсен тетовецот кој ги запали возилата на ЕВН

На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons