Триста луѓе во карантин во Швајцарија по избивање зараза со Ковид-19 во ноќен клуб

Во Швајцарија, 300 лица беа ставени во карантин по избувнувањето на зараза со новиот коронавирус во ноќен клуб во Цирих, соопштија денеска тамошните власти.

Маж кој бил во клубот Фламинго пред една недела е тестирн позитивен за коронавирусот во четвртокот, а пет лица кои биле со него во тоа време исто така се тестирани позитивни во петокот.

Преку списокот на посетители што го обезбеди клубот, властите контактирале со други луѓе кои биле присутни и им наредиле да останат во карантин 10 дена во обид да спречат понатамошно ширење на инфекцијата сè додека сите не бидат тестирани.

Швајцарските власти велат дека инцидентот покажува колку е важно да се придржувањето кон регулативите за хигиена и социјално растојание бидејќи мерките воведени од владите сега се олабавуваат.

Тие додадоа дека ако такви случаи се случат во клубовите, тие ќе треба повторно да ги затворат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons