Трет ден беснее пожарот кај Велес

Од предпладнево од 10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес, работат на ликвидација на големиот шумски пожар кој од петтокот од 13:10 часот, веќе трети ден беснее над железничката станица „Рајко Жинзифов” на теренот кон селото С`лп .

Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес се очекува наскоро пожарот да биде целосно изгаснат.

Во овој голем шумски пожар во изминатите дена изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.

Поради пожарот кој е во близина на Велес, граѓаните го чувствуваат димот на изгорено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons