Томовски: Да ги поправиме грешките и да ја победиме Црна Гора

Мартин Томовски имаше одличен настап против Словенија, но тоа не беше доволно за да направиме изненадување и да го совладаме првиот противник на Европското првенство. 

Тој вели дека и одбраната му помогнала за добрата партија, но и анализата пред натпреварот. 
„Изгубивме од Словенија, но во нашата игра имаше многу позитивни работи. Одбраната ни беше на повисоко ниво, но мало невнимание скапо нѐ чинеше. За добриот настап ми помогнаа многу соиграчите, но и добрата анализа пред натпреварот“, вели Томовски.

 Денеска е ден за подготовка пред дуелот со Црна Гора кој го играме утре со почеток од 18 часот.

 „Денеска е нов ден и ќе се погрижиме да ги поправиме нашите грешки и недостатоци. И ќе дадеме сè од себе за да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons