Тешко се кажува НЕ на милионите од Саудиска Арабија, Столе Димитриевски се договорил со Ал Наср

Новинарот Руди Галети пренесува дека Столе Димитриевски си подал рака со Ал Наср и го притиска Рајо Ваљекано да договори трансфер со клубот од Саудиска Арабија.

Изминатиов период, често имаше гласини за преселба на Столе Димитриевски во Барселона, но се чини дека Македонецот ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Како што пренесува новинарот Руди Галети, Столе Димитриевски ги договорил личните услови со Ал Наср. Голманот сега прави притисок врз управата на Рајо Ваљекано да договори трансфер.

Претходно беше објавено дека Ал Наср доставил понуда вредна 3,5 милиони евра, додека пак Рајо бара да биде активирана откупната клаузула вредна 6 милиони евра.

Останува да се види дали има вистина во ваквите гласини, неодамна Столе Димитриевски изјави дека е фокусиран само на Рајо и не го интересираат шпекулациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons