Тело на почината скопјанка најдено во водите на Вардар

Почината скопјанка пронајдена во водите на Вардар. Имено, во попладневните часови на 18 јуни во скопската полиција било пријавено дека под железниот мост на улицата Васил Чакаларов во реката Вардар било пронајдено тело на 90-годишна жена од Скопје.

Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons