Талибанците во Авганистан киднапирале околу 60 цивили

Талибанци изминатите недели киднапирале приближно 60 цивили во авганистанската провинција Даикунди.

Киднапирањето се случило откако една жена побегнала во соседната провинција, што е под контрола на талибанците.

Во меѓувреме ослободени се приближно 20 заложници, меѓу кои и жени и деца, а талибанците негираа каква био вмешаност во киднапирањето.

И покрај договорот за повлекување на американските војници, насилството во Авганистан е во пораст, а киданпирањата го отежнуваат почетокот на мировните преговори помеѓу талибанците и Владата во Кабул.

Според неименуван авганистански претставник, изминатите недели талибанците убиле повеќе од 40 цивили, а Мисијата на Обединети нации вчера изрази загриженост поради 15 напади врз медицински работници и објекти за пружање на здавствена заштита.

Талибанците негираат каква била вмешаност во нападите и ги обвинуваат авганистанските власти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons