„Сѐ што правите на интернет се следи и се запишува“ (ВИДЕО)

Новиот филм на режисерот Џеф Орловски – „Социјални дилеми“ (The Social Dilemma) предизвика лавина реакции на интернет, во врска со тоа колку луѓето знаат и не знаат за Фејсбук, Твитер, Инстаграм итн.

Филмот на Нетфликс содржи мненија на стручњаци за опасностите од социјалните мрежи.

„Го гледав ‘Социјални дилеми’ и посакав да го фрлам мојот телефон преку прозорот. Дојдов до два заклучока: 1. Ако не беа милијардерите, ние немаше да сме во оваа положба; 2. Социјалните мрежи се најголемата закана”, напиша Твитер-корисникот @lidlbigthings.

Поранешниот извршен директор на Tвитер – Џеф Зајберт објаснува: „Сакам луѓето да знаат дека што и да прават на интернет – тоа се следи и се запишува. Дури и тоа – какви слики гледате и колку време”.

Филмот е страшен. Но, тој ја прикажува самата вистина. ’Производот кој се продава – тоа сте самите вие‘ е идејата, и тоа е наједноставно кажано. ’Производот’ е постепената промена во вашето поведение и во вашето размислување”, објави корисникот под Твитер-назив @shivamkimothi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons