Стојоски ќе ја брани честа на македонската атлетика на ОИ во Токио

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски доби вајлд карта за настап на летните Олимписки игри во Токио.Одлуката, како што официјално е соопштено, ја потврди денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) водејќи се од пропозициите на Светската атлетска федерација право на настап на Игрите во Токио да добие најдобро рангираниот атлетичар во дисциплината во којашто настапува. – Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јован Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио, соопшти Македонската атлетска федерација.

Атлетичарот Стојоски е осмиот македонски спортист што има обезбедено настап на Олимпијадата, која од 23 јули до 8 август ќе се одржи во Токио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons