Стивнува ли пандемијата: 39,7 отсто помалку нови случаи на ковид-19 за една недела

Според Институтот за јавно здравје, опаѓа и борјот на починати за 20,9 отсто.

Намалување на бројот на нови случаи на ковид-19 за 39,7 отсто и на починати за  20,9 отсто, регистрира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последната недела.

Според извештајот на ИЈЗ, во периодот од 26 април до 2 мај 2021 опаднат е бројот на позитивни од тестираните. Тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и се бележи намалување од 17,6 отсто во однос на претходната недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  41,5 отсто, со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1отсто, со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60  години  или во проценти  37,6 отсто. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 години (16,8 отсто), 40-49  (16,0 отсто), 30-39 (15,6 отсто) и 20-29 години  8,3 отсто. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (1,6 отсто) и 10-19  ( 4,1 отсто).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50 до59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 и 40-49 години.На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против ковид-19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons