Со СДСМ долгот надмина 60%, прекршени се Мастришките критериуми – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра. Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти. Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции. СДСМ продолжува со буквална неработа. Исто како што имаа цело лето време за инвестиции во нови болнички капацитети и не го направија тоа, па сега броиме уште колку слободни места имаме во болниците и до кога, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа.

-438 ново заболени вчера се уште еден доказ за тоа. Власта ниту има концепт ниту знае како. Македонија тоне со СДСМ. Заев и Филипче потфрлија, а штетите од тоа се огромни и се бројат во човечки животи, велат од партијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons