Софтвер за Арачиново

Кога веќе Рашковски имал идеја за софтвер за сообраќајни прекршоци за МВР, како ли не му текнало и за некој софтвер за регистер на даночни обврзници во Општина Арачиново? За разлика од МВР, на кое софтверот не му треба, на Арачиново ќе му треба. Четири години СДСМ има своја градоначалничка во Арачиново, а Општината нема собрано ниту еден денар од данок на имот. Па уште Владата им даде и пола милион евра од државниот буџет. Онака, да им се најде за трошок. Не дека не им требаат пари – сигурно им требаат. Ама па, нешто и да присобереа да придонесат за себе. Барем за својата општина да уплатеа. Како ли тие луѓе продаваат и купуваат имоти? Како вадат имотни листови? Во други делови од државата не можеш да направиш трансфер на имот со стара неплатена сметка за телевизија. Со нетрпение очекувам како Заев ќе ни раскажува приказни за прогресивниот данок. Колку тоа било социјалдемократско, па праведно, па фер оданочување… Велат, како во Германија, во Шведска… Да, де. Тоа е праведен данок. Ама во држава што си ги собира парите од сите. Нека ми најдат некоја покраина во Германија, каде што луѓето не плаќаат ни данок на имот, ни ДДВ. И нека не се вадат на национална основа. Таму Ангела Меркел не се правда дека во пола држава не може да си го собере данокот, оти „има насилие“. За какво фер оданочување ми продава приказни во држава во која има граѓани од прв ред – што не плаќаат, а користат од државата, и граѓани од втор ред – што плаќаат, а не користат? Тој не оданочува данок на имот, а ќе ти оданочува данок на труд!? На следните избори СДСМ нека оди со слоганот: „Уништи ги чесните, избркај ги успешните“.

Целата колумна може да ја прочитате на СДК.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons