Сончево со температура до 20 степени

Сончево и топло време се очекува денеска на скопското подрачје при што максималната дневна температура ќе достигне 20 степени. Се очекува ваквото време да преовладува и на подрачјето на целата земја при што температурата во одделни подрачја ќе се искачи до 23 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Слично време метеоролозите најавуваат и за утре. Ќе биде сончево и топло, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната утринска температура ќе биде -1, а максималната дневна 24 степени. Сончево и топло време ќе биде времето и за викендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons