Сончево со мала до умерена облачност

Претпладне променливо облачно, на места во југозападните делови се уште ќе има услови за слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons