Слика на Ван Гог денеска е продадена за 14 милиони евра

Сликата на Винсент Ван Гог, која што ја прикажува париската улична сцена и која се чува во приватна колекција повеќе од еден век, е продадена за 14 милиони евра на денешната аукција.

Аукциската куќа Сотби меѓу 5 и 8 милиони евра ја процени вредноста на „Уличната сцена во Монмартр“, насликана во 1887 година, кога уметникот престојувал со неговиот брат Тео во главниот град на Франција.

Сотби одржал аукција од Париз со наддавање преку Интернет или по телефон од Париз, Њујорк и Хонг Конг.

Понудата од 14 милиони евра се случила во време кога чеканот требало да ја запечати понудата од 13,05 милиони евра.

Сликата, на која се прикажани маж и жена, кои одат рака под рака по трошната ограда со ветерница во позадина, потекнува од приватна колекција на едно француско семејство.

Сликата е дел од серијата што се состои од сцени од Монмартр, ридската област во Париз, во која денес доминира Базиликата на светото срце.

Ван Гог пристигнал во Париз во 1886 година и го напуштил градот две години подоцна, велејќи дека е уморен од бурниот живот во Париз.

Тој се преселил на југот на Франција, каде се случила познатата епизода на ментално растројство во која тој си отсекол парче од увото.

Уметникот изврши самоубиство во 1890 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons