СКАНДАЛ: Најскап автопат во светот во Македонија

Делницата Кичево-Охрид веќе седма година се гради, а крајот не е ни на повидок. Со анексот кој го потпиша претходниот министер од СДСМ, автопатот требаше да биде готов до јуни 2021, но очигледно тоа нема да се случи.

Сега се најавува нов втор анекс со нови милиони евра, па од почетните 535 милиони, со првиот анекс станаа 720, а сега со вториот анекс ќе достигне неверојатни една милијарда евра.

„За нас е симптоматично што поранешен министер се терети за провизии, а сега кога цената стана дупло поголема, ОЈО за организиран криминал молчи. Бараме веднаш да се отвори предмет и непристрасно да се утврди зошто не се гради автопатот, зошто се прават нови анекси и зошто се трошат астрономски буџетски средства.

Оваа делница од 56 километри ќе стане најскапа во светот со очигледна злоупотреба на буџетски средства, и молкот на институциите ќе значи дефинитивно отсуство на правна држава“, истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons