Скандал: Медведев ограбен за време на финалниот натпревар на завршниот АТП Мастер во Торино! (фото)

Рускиот тенисер, Данил Медведев, доживеа голема непријатност во финалниот натпревар на завршниот АТП Мастер во Торино.

За време на натпреварот во Италија, од неговата соблекувална бил украден часовник во вредност од 200.000 евра.

часовникот кој што бил украден за време на натпреварот во вредност од 200,000 евра

Часовникот на тенисерот исчезна додека тој беше на теренот за време на финалето со Александар Зверев, станува збор за часовник кој е во лимитирана верзија односно со ограничено производство, а тоа го прави многу скап.

Кражбата била пријавена нешто пред полноќ, а крадецот бил пронајден во текот на ноќта.

Менаџерот на АТП турнирот во Торино тргнал да му го врати часовникот на сопственикот, но не успеал да го пронајде во Италија поради тоа што Медведев веќе бил на пат кон Монте Карло.

На крајот полицијата му го донела украден часовник на Данил Медведев, а приказната завршила позитивно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons