Сите оние што во време на пандемијата ќе останат без работа државата ќе им помогне со по 9.000 денари.

150 евра по лице најавува Владата за сите оние што во време на пандемијата ќе останат без работа. Парите се веќе обезбедени преку последното задолжување кон Светска Банка, тешко 90 милиони евра што пред два дена го донесе Собранието, а проекциите се дека ќе може да се подржи бројка од 45.000 граѓани.

Бројките на Владата говорат дека во првите шест месеци од пандемијата се изгубиле 12.500 работни места, но најголемиот дел не се отпуштања туку им истекле договорите за работа. Од март до август поднесени се над 6000 претставки до Државниот инспекторат за труд. Правата се кршеле во сите дејности и по различни основи. Не се почитувале времените мерките на Владата и се делеле откази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons