Сите, ама баш сите моментално ја гледаат оваа серија
Откако се појави, луѓето не престануваат да зборуваат за новиот Нетфликс хит, реномираната мини-серија „The Queen’s Gambit“.
Затоа не е нималку изненадувачка објавата на Нетфликс дека ‘Шаховско чудо’ е најпопуларната мини-серија досега на таа платформа.
Серијата е емитувана во сите држави, вклучувајќи ги и Русија, Хонг Конг, Франција, Тајван и Австралија, а на листата на најгледани се нашла во дури 92 земји, од кои на 63 е на прво место.
Во исто време, многумина на овие бројки им пристапуваат со резерва, бидејќи Нетфликс сам ги објави, а не постои начин нивната статистика независно да се провери.
Големата гледаност не е единствен резултат за популарноста. Гугл покажува дека побарувачката за ‘Шаховско чудо’ пораснала за 250 отсто, а романот според кој настанала серијата се најде на листата на бестселер 37 години по излегувањето.