Северна Кореја им забрани на граѓаните да носат кожени палтиња, бидејќи со тоа тие го копирале лидерот

Северна Кореја им забрани на своите граѓаните да носат кожени палта, откако овој моден детаљ стана омилен кај лидерот на земјата Ким Џонг-Ун.

Ким за прв пат носеше кожен капут во 2019 година, а оттогаш тоа парче облека стана популарно помеѓу севернокорејската елита која сакаше да ја покаже својата лојалност кон лидерот.

Неодамна е забележано дека имитациите зачестија, па „модната полиција“ е испратена да затвора продавници во кои се продаваат кожени палта и да ги соблекува луѓето на улица, поради загриженоста дека овие граѓани би можеле да направат Ким да изгледа евтино и да му го поткопа неговиот авторитет.

Полицијата вели дека носењето кожен капут алудира на тоа дека граѓаните сакаат да изгледаат како нивниот лидер а според лидерот тоа е „несоодветен тренд“ што го оспорува неговиот авторитет и углед.

Владата и порача на јавноста да не носат кожени палта, бидејќи тоа е дел од партиската директива да може да одлучува кој може да носи, изјави неименуван извор за Радио Слободна Азија.

Слични верзии на палтото на Ким почнаа да се појавуваат во септември оваа година, кога трговијата помеѓу Кина и Северна Кореја неофицијално беше отворена по „завршувањето“ на пандемијата.

Тоа им овозможи на трговците да почнат да купуваат слични кожни палтиња и истите да ги продаваат за ефтина сума на пари.

Радио Слободна Азија тврди дека имало и пристап до увозните документи од претходните месеци кои покажуваат дека се увезени голема количина кожени палтиња слични како на лидерот на државата Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons