Савевски е нов селектор на женската ракометна репрезентација

Љубомир Савевски е назначен за нов селектор на сениорската женска ракометна репрезентација, тој доби двегодишен договор од РФМ. 

Савевски кој досега работеше како координатор на младите женски селекции, а како селектор на У21 го освои ЕХФ шампионатот во Литванија, доби и нова функција, ќе биде селектор на сениорскиот тим. Тој во наредните две години покрај селекторската функција во А репрезентацијата, ќе биде и селектор и координатор на сите генерации.„Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место.Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е  именуван ќе ја извршува за период од две години“,стои во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons