„РУСИЈА ПОДГОТВУВА НАПАД НА УКРАИНА, БАРА ПОВОД“ Оперативците се веќе на терен, пристигнаа 100.000 војници – Белата куќа ја обвини Москва

Американските разузнавачи дознаа дека Русија се обидува да создаде изговор за нејзините војници да ја нападнат Украина и дека Москва веќе распоредила свои оперативци за акции во источна Украина, тврди Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки вечерва изјави дека, според разузнавачките податоци, Русија, преку кампања за ширење дезинформации преку социјалните мрежи – веќе ја поставува основата Киев да биде окарактеризиран како агресор кој наскоро подготвува напад врз силите поддржани од Москва во источна Украина.

Псаки ја обвини Русија дека веќе распоредила оперативци, обучени за ситуации на граѓанска војна, кои би можеле да користат експлозивни направи против силите поддржани од Москва, а Украина ќе биде обвинета за нападот, пренесува АП.

„Загрижени сме што руската влада се подготвува за напад во Украина што може да резултира со широко распространето кршење на човековите права и воени злосторства доколку дипломатијата не ги постигне своите цели“, рече Псаки. Белата куќа не прецизираше колку веродостојни можат да бидат најновите наоди.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во четвртокот изјави дека американската разузнавачка заедница нема проценка дека Русите, кои, според американската агенција АП, распоредиле околу 100.000 војници долж украинската граница, дефинитивно одлучиле да започнат воена акција. Москва, која наведува дека не планира напад врз Украина, бара од НАТО и САД писмени гаранции дека западната воена алијанса нема да се прошири на исток.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека Москва го „изгубила трпението“, дека нема да чека бесконечно одговор од Западот и дека очекува НАТО и САД да одговорат следната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons