Русија гради нуклеарна централа во Србија: Руските медиуми за средбата меѓу Путин и Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неговата земја ја разгледува можноста за изградба на нуклеарна централа на нејзина територија и дека веќе преговара со руската корпорација Росатом, пишува руската агенција РИА.

Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / POOL

Руските медиуми во своите анализи се прашуваат за потребата на Србија за нуклерана централа. Во текст со наслов „Русија ќе добие нуклеарна база во Србија“ РИА новости јавно прашува од каде на Србите им е потребна нуклеарна централа, објектот е исклучително скап и од наука и од аспект на финансии, се констатира во текстот.

Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / POOL

– Познато е дека проектот на белоруската нуклеарна централа го чинеше Минск десет милијарди долари, кои Москва ги издвои во форма на поволен заем. За Белград, чиј надворешен долг е близу 36 милијарди, изградбата на нуклеарна централа може да биде капка која ќе го потопи државниот буџет. Освен тоа, Србите не само што целосно ги задоволуваат сопствените потреби за електрична енергија – неверојатен луксуз во пандемиската Европа, туку се продаваат и во странство. Според резултатите од 2020 година, Србија извезла шест терават-часови, од кои една третина отишле во Чешка, дваесет проценти во Словачка, а остатокот го купиле по опаѓачки редослед Северна Македонија, Унгарија и Бугарија. Од оваа извозна ставка Белград заработил речиси 50 милиони долари, наведува авторот во текстот.

Многумина сметаат дека со оваа постапка Србија систематски ја губи позицијата на европскиот пазар за снабдување со електрична енергија, а со тоа и политичкото значење.

Веднаш штом беше официјално објавено дека проектот Турски тек е одобрен, Белград веднаш аплицираше за учество во него. Покрај тоа, изградбата на српскиот дел од 400 километри, вклучувајќи го и ископот под нивото на каналот Дунав, беше завршена за рекордни 32 дена.

Денеска овој дел од „протокот“ е веќе во функција и преку него секојдневно се доставува природен гас до Унгарија, што и овозможи на Будимпешта да одбие транзит низ територијата на Украина, со која има долгогодишен конфликт поради нарушување на правата на Закарпатите.

Од јануари годинава Газпром започна дополнителни испораки на гас за Босна и Херцеговина, а Србија повторно е клучна транзитна земја.

Гаспром / Фото: EPA

Сепак, сè е многу покомплицирано со јагленот, оценува РИА.

Доколку Полска може да смета на значителна финансиска помош од Брисел во својата енергетска транзиција, Србите можат да се потпрат само на себе, пишува агенцијата.

Токму поради таа причина, Александар Вучиќ присуствува на сите клучни настани, на овој или оној начин поврзани со енергетиката во Русија.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тој пред точно еден месец учествуваше на руската енергетска недела на која се сретна со Владимир Путин и ја опиша ситуацијата со струјата во Европа како „страшна“ поради наглиот скок на цените.

Александар Вучиќ и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV

За потсетување, Александар Вучиќ вчера пристигна во Сочи каде денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата на Вучиќ на Русија е обид Белград да постигне подобри услови за договор со Москва за испорака на поефтин руски гас за Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons