„Роналдо ќе стане тренер на Манчестер јунајтед за 18 месеци“

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед по 12 години и одлично му тргна во неговиот втор мандат на „Олд Трафорд“, а поранешниот тренер на Тотнем, Тим Шервуд му предвидува уште поголеми успеси.

Шервуд, кој во текот на кариерата играше за неколку премиерлигашки клубови, вели дека Јунајтед ќе го отпушти Оле Гунар Солшер ако не освои некој голем трофеј во следните 18 месеци и потоа ќе го вработи Роналдо како тренер.

„Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека ќе стане тренер во моментот кога ќе ја заврши кариерата. Тој почна да им дава инструкции на своите соиграчи уште пред неколку години. Можам да се обложам дека ќе стане тренер на Јунајтед за 18 месеци ако Солшер нема добри резултати“, вели Шервуд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons