Роналдо: Не сум во Манчестер за да се борам за шесто или седмо место!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо јавно го изрази своето незадоволство и истакна дека недопустиво е таков клуб да се бори за место надвор од топ 3.

Роналдо истакна дека новиот менаџер Ралф Рангник треба да добие повеќе време за да ги имплементира своите идеи.

„Сметам дека основно нешто е промена на менталитетот. Неприемливо е за нашата класа да се бориме за нешто подолу од топ 3 во Премиер лигата. Сметам дека сме способни да ги свртиме работите, а нашите фанови тоа го заслужуваат“.

„Манчестер Јунајтед мора да се бори за важни работи, па мора да се промени ситуацијата. Не сум тука за да се борам за шесто или седмо место. Тука сум за да освојувам трофеи. Имаме долг пат за да се подобриме и јас верувам дека можеме да постигнеме големи нешта“, истакна Роналдо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons