Приведен тетовец, запленети над 9.000 пиротехнички средства

Денеска во СВР Тетово, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција и СВР Тетово, лишен е од слобода Љ.А.(27) од с.Селце.

Имено, при преземање мерки и активности од страна на полициски службеници во 13.40 часот пред поштата во Тетово е затекнато патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, паркирано од приведениот и при преглед во него се пронајдени 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети, сместени во багажникот и во задното седиште.

Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Тетово, по документирање на случајот, против Љ.А. ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде времено одземено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons