По Мицкоски и Заев побара одложување на изборите

По објавата на Фејсбук на Христијан Мицкоски каде побара одложување на изборите и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција предмалку порача дека изборите треба да се одложат поради состојбите со коронавирусот.

Тој рече дека тоа е партиски став кој е донесен синоќа и најави дека ќе побараат претседателот Стево Пендаровски да повика лидерска средба за одложување на изборите, а ако тој не го направи тоа, средба ќе свика СДСМ.

Ризикот од одржување на изборите ја прави понепријатна состојбата, со помислата дека треба да се оди на избирачки места каде што граѓаните би биле изложени, рече Заев повикувајќи партиите да изградат заеднички став за одложување на изборите.

Кога би се одржале изборите, рече тој, исто така, партиите треба да се договорат, но тоа зависи од многу фактори, пред сè од тоа како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons