Почна процесот на отстранување на линданот од малата депонија во ОХИС

По две годишна пауза продолжија активностите за подигнување на јавната свест за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина на Македонско еколошко друштво. Почна процесот на отстранување на линданот од малата депонија во ОХИС. Ќе се следи и состојбата со загадувањето на воздухот, почвата и подземните води. 

Се работи за екстремно специфичен и контаминиран материјал, претпазливоста и безбедноста мора да биде на највисоко можно ниво, па од тие причини сите подготвителни работи се изведуваат со исклучително внимание, можеби на штета на времето, но секако во корист на безбедноста, соопштија од Министерството за животна средина, лани во декември. 

Станува збор за активност во рамките на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122″ финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд, имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization) што се спроведува во координација на Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPS) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Овој процес опфаќа повеќе фази, како подготвителна фаза со оперативни активности на теренот и обезбедување на персоналот кој ќе работи на теренот, обезбедување механичка опрема и машини, спроведување оперативни процедури на самата локација и надвор од локацијата, истражувања на почвата, обуки на вработените за постапките со управување со локацијата и отпадот; оперативна фаза во која ќе се спроведуваат конкретни активности поврзани со ископувањето и ракувањето со отпад од HCH, пакување, складирање и реставрација на локацијата.

Завршна фаза на целиот процес е делот на транспортирање на отпадот до објекти за конечно отстранување од Македонија, преку соседна Република Грција до Франција и Холандија, каде ќе се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва.

Во сите фази на процесот на чистење, независно од изведбата на вработените и ангажираните од Полиеко кои се фирма изведувач на оваа комплексна актвност, ќе се спроведува активно следење на состојбата на животната средина преку следење на квалитетот на изведбата, квалитетот на воздухот и следење на квалитетот на подземните води.

Сите податоци ќе бидат јавно објавени тековно и по завршувањето мерењата за отстранување на линданот ќе биде промовирано документарно видео за целиот процес, велат од ОХИС. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons