Поради Ковид-19 уште една текстилна фабрика во Штип под клуч

Уште една конфекција од Штип, со 250 вработени, добива клуч на врата. Ова денеска го соопшти градоначалникот Благоја Бочварски, кој истакна дека ќе следува тестирање на вработените, откако една од вработените била заразена со корона вирусот. Тој додаде дека во моментот 336 граѓани во Штип се ставени во самоизолација.

Сите се испратени на годишен одмор. Откако ќе заврши тестирањето и ќе стигнат резултатите, ќе бидат вратени на работа – рече градоначалникот, кој истакна дека е подобро да не се работи една-две недели, отколку да се рашири вирусот.

Оваа е шеста текстилна фабрика во Штип која се затвора поради ширење на вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons