Подготовки за четвртата трансплатација на срце

Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша на својот фејбик профил Министерот за здравство Венко Филипче.

Досега беа направени три трансплатации на срце во Македонија. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.

Првата трансплантација на срцето минатата година ја изведоа докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески, Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска,  Марија Гераковска и Димче Славевски.

Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите  Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ.

Целиот процес, во координација со министерот Филипче, бил воден од страна на националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, која со својот тим:  Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons