Погрешно чекираниот багаж го спасил од автобусот на смртта

Џафер Долек е човекот кој требал да биде во автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, но погрешно чекираниот багаж му го спасил животот.

Тој е еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса-транс“ и по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.

Долек, требал да влезе и да ги чекира куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот затоа што имало место.

Ова за телевизија Сител го раскажа таткото на Џафер кој вели дека само Господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со својот син кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје, при што му кажал дека еден од автобусите имал несреќа.

Во автобусот загинаа најмалку 40 луѓе, меѓу кои имаше 12 деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons