ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Пет нови случаи со коронавирус во Македонија. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за состојбата.

Утрово беа тестирани 7 лица, од кои 4 се позитивни, а 3 се негативни.

Дополнително позитивна на коронавирус е жена која е вратена од Холандија пред неколку дена. Развила симптоми и денес се јавила на Инфективна клиника. Контактирани се лицата од нејзиното семејство, возачот на таксито кој ја возел од аеродром, а се контактираат и лицата со кои била од авион од Виена.

Во болницата „Жан Митрев“ кај дополнителни две лица се позитивни резултатите за коронавирус. Утре ќе се тестираат уште еднаш.

Министерот за здравство прецизираше дека 3 од 7-те случаи се од Скопје, а 4 се од Дебар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons