Партиите се уште блиску до договор за измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат за МИА од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот предизвик, како што посочуваат, е утврдување на начинот на избор на градоначалниците, односно дали тие ќе се избираат во прв или во втор круг. Сепак, според информации од политичките партии, за негово менување веројатно ќе се разговара во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons