Пановски: Новите мерки личат на кампања за присилна вакцинација

Последните предлог-мерки претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинираат ќе имаат имунитет дури во февруари, вели проф.-д-р Никола Пановски, кој додава дека тој би донел поинакви мерки или би направил „мерки веднаш и сега“. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, рече тој во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5.

Тој рече дека мерки за стекнување на имунитет не може да ги делат граѓаните.

-Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова, рече микробиологот.

Според него, вакцинацијата во Македонија генерално трае многу кратко.

-Но, ова што го прави Македонија го нема никаде, не може да се ограничуваат луѓе кои вистиснки прележале, имаат антитела, рече Пановски.

Тој посочи и пример.

-Има осуммина починати прележани од февруари 2020 година, споредено со 400 или 350 починати комплетно вакцинирани, не знам за што треба понатаму да дискутираме, рече Пановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons