Пандев ќе продолжи да игра, потпишува нов договор со Џенова

„Газета дело Спорт“ тврди дека Горан Пандев ќе прифати нов едногодишен договор со Џенова и во новата сезона ќе продолжи да игра за италијанскиот тим. 

Горан Пандев нема да се пензионира ова лето, тој наскоро ќе се врати во Џенова и ќе стави потпис на договор и за новата сезона. Тој стави крај на кариерата во македонската репрезентација, но нејасно беше дали ќе продолжи да игра на клупско ниво или ќе ги обеси копачките. 

Во Џенова имаше притисок од сите страни тој да продолжи да игра, потребно им е неговото искуство, а според „Газета дело Спорт“ притисокот вродил со плод и Пандев ќе потпише ново едногодишен договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons