Орбан: Ги замрзнуваме цените на шеќерот, брашното, маслото, млекото, пилешките гради и свинскиот бут

Унгарската влада одлучи да ги замрзне цените на шест основни прехранбени производи од 1 февруари, објави премиерот Виктор Орбан на Фејсбук.

Цените на шеќерот, пченичното брашно, сончогледовото масло, свинскиот бут, пилешките гради и млекото со 2,8 отсто маснотии, поради зголемувањето на цените на храната, ќе бидат замрзнати на нивото што го достигнаа во средината на октомври минатата година, напиша Орбан во средата.

Сите продавници ќе мора да ги намалат цените на тоа ниво, нагласи унгарскиот премиер, додавајќи дека цените растат во цела Европа поради поскапувањето на енергенсите. Одлуката на владата за замрзнување на цените ќе биде на сила три месеци, а доколку е потребно и подолго, изјави во четвртокот шефот на кабинетот на Орбан Гергели Гуљас.

Владата во ноември минатата година ги ограничи цените на горивото на три месеци, а со истата мерка одлучи да го олесни и поскапувањето на струјата за малите претпријатија.

На Орбан му претстојат неизвесни парламентарни избори на почетокот на април, истакна Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons