Орбановата нова Европа (со Србија во неа)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела објави оглас во дузина европски весници (а некои одбија да му ја публикуваат објавата), со која ги обелодени своите седум предлози за иднината (и сегашноста) на Европската Унија

Не може да се каже дека Виктор Орбан не знае со медиумите и дека (само) овој пат нема ништо, барем не директно, со сузбивање на слободата на говорот и контрола на сите медиуми во Унгарија, за што го обвинува опозицијата во неговата земја и добар дел од Европската Унија. Имено, минатата недела, унгарската влада се обиде да објави оглас во весници во неколку земји на ЕУ и тој напор некаде успеа, во кој презентираше седум предлози за спас на Унијата. Иако станува збор за седум ставови кои повеќето, во голема мерка, се косат со главното искуство на ЕУ на Стариот континент.

Меѓутоа, кога владите сакаат да изразат политички став, тоа го прават главно со изјави, но овојпат Орбан се одлучи за оглас што беше објавен во весниците во Германија, Франција, Шпанија и други земји. Но, некои медиуми – како што се „Тајмс оф Малта“, белгиските „Де Стандард“, „Ла либр Белжик“ и „Де Морген“, шведскиот „Дагенс Нихетер“ … – ја одбија објавата. Оние, пак, што го објавија огласот го објаснуваат тоа со слобода на изразување, оние кои не го публикуваа имаа различни објаснувања, некои поради неговите ставови за сексуалните малцинства, некои затоа што „е цинично да се продава медиумски простор на шеф на влада кој ја ограничи слободата на медиумите во неговата земја“.

Значи, некој го објави огласот, некој не, но факт е дека сите зборуваат за тоа. Се испостави дека оние кои одбија да го објават огласот ѝ направија дополнителна услуга на Владата на Орбан. Тоа се вика бесплатен ПР.

Еден од весниците во ЕУ што се определи за слобода на изразување е загрепскиот „Вечерњи лист“. Она што предизвика бура, особено во Хрватска, е тоа што меѓу седумте објавени идеи, односно ставови на Орбан – кои се на бранот на спречување на понатамошна интеграција и одржување на суверенитетот на земјите членки; зајакнување на улогата на избраните национални лидери и собранија на сметка на Европскиот парламент и бриселската бирократија – според седмата точка, без посебно образложение, беше нагласен ставот дека Србија треба да биде примена во Европската Унија.

Србија е единствената земја кандидат во овој унгарски план. „Нашите идеи и аспирации во врска со Европската Унија се познати и се стремат кон посилно вклучување, поврзаност и синергија во рамките на европското семејство“, веднаш реагираше и хрватското Министерство за надворешни работи.

Преземено од „Недељник“ од Белград

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons