ОБНОВЕНО Пожарот може да бил предизвикан од дефибрилатор со кој лекарите се обиделе да анимираат девојче

Тетовчанка, чиј татко се лекувал од ковид во модуларната болница во Тетово, вели дека пожарот најверојатно настанал откако лекарите во соседната соба со дефибрилатор се обидувале да анимираат девојче, кое било на умирање. Во моментот на интервенцијата, вели тетовчанката, слушнала повици дека во соседната соба мора да се анимира девојчето, лекарите и сестрите биле растрчани, а набргу потоа се слушнале панични повици дека избил пожарот.

Дека е можно дефибрилатор да ја предизвикал трагедијата во тетовската болница тврдат за „Слободен печат“ и лекари од инфективното одделение на болницата, со кои разговаравме под услови на анонимност. Според, овие неофицијалните верзии, можно е да дошло до искрење на штекерот на кој бил приклучен дефибрилаторот, или самите искри на дефибрилаторот да предизвикале пожар. Оваа верзија уште не е потврдена од официјални извори на истрагата.

Тетовчанката вели дека пожарот брзо почнал да се шири, но таа со помош на медицинскиот персонал, успеала низ прозорец да го извлече својот болен татко од болницата која била во пламен. Потоа тој бил сместен на интерното одделение на тетовската болница.

– Се изнагледав луѓе изгорени, лешеви, многу повредени, тоа беше страшно! Таква глетка не му посакувам никому да види. Болницата изгоре за неколку минути, во тие две минути кој успеа да се спаси, се спаси, гореше многу брзо – сведочи тетовчанката за „Слободен печат“.

Сестра ѝ и татко ѝ биле последните што излегле живи.

Кога се свртела наназад не успеала да разбуди уште двајца, бидејќи нивната соба горела жестоко од сите страни. Плаче многу затоа што не успеала да ги спаси, да ги разбуди. Излегле надвор низ прозорец. Јас веднаш дојдов, донесовме концентратор за кислород за татко ми и го пренесоа на интерно. Се изнагледав луѓе изгорени, лешеви, многу повредени, тоа беше страшно. Таква глетка на никого не му посакувам да види. Болницата изгорела за неколку минути, во тие две минути кој успеал да се спаси, успеал, горело многу брзо – изјави Јована за „Слободен печат“.

Официјално, причините за пожарот се уште не се познати. Во моментов трае увидот на лице место, по што надлежните ќе излезат со официјални информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons