Нов подвиг на Ѓорческа – преку осмата носителка до полуфинале во Визбаден!

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, се најде меѓу четирите најдобри на турнирот во Визбаден, откако денеска ја доби четвртфиналната пресметка против осмата носителка Федерика Ди Сара, која го предаде мечот во вториот сет.

Македонката доминираше во текот на целиот натпревар и сигурно пловеше кон триумф дури и ако противничката не се откажеше предвреме, со оглед на лесното освојување на првиот сет (6-1) и направениот брејк во вториот за 2-0, кога Италијанката реши да го „фрли пешкирот“.

На патот кон финалето, Ѓорческа утре ќе ги одмери силите со подобриот од денешниот последен четвртфинален дуел помеѓу првата носителка, Клара Бурел (Франција) и Романката Клара Игнатик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons