НИКОЈ НЕ УМРЕЛ ОД ВАКЦИНА, АМА УМРЕЛ ОД КОРОНА Епидемиологот Стојанов објасни зошто мутира коронавирусот

Освен вакцината и класичните мерки кои вклучуваат да нема собири во затворен простор, друго решение не постои. Лек за вирусот нема, но вакцината заштитува од тешка клиничка слика и од смрт, објаснува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Мета.

Коронавирусот мутира затоа што луѓето не се вакцинираат, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов во изјава за порталот Мета.

За новиот сој на коронавирусот Стојанов вели дека е најлошиот досега, а како што објаснува, природата на вирусите е да мутираат за да опстанат.

– Вирусот нема да може да мутира ако се вакцинираат голем број луѓе. Вакцините кои беа проектирани за првиот сој беа најефикасни за тој сој, но откако вирусот почна мутира, така и ефикасноста на вакцините опадна. Сега е потребно да се направат нови вакцини. Тоа е исто како со антибиотиците, бидејќи колку повеќе антибиотици примате, толку станувате резистентни на нив. Затоа, потребно е голем број луѓе да се вакцинираат против коронавирусот. Ние го зборуваме тоа цело време. Потребна е брза и масовна вакцинација за да се прекине ланецот. Освен вакцината и класичните мерки кои вклучуваат да нема собири во затворен простор, друго решение не постои. Лек за вирусот нема, но вакцината заштитува од тешка клиничка слика и од смрт. Од вакцина нема смртни случаи, но има од ковид-19 – објаснува Стојанов.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons