Николов во новата сезона ќе игра во Серија А?

Лече не успеа да се врати во Серија А, но Бобан Николов би можел да настапува во елитната италијанска лига ако се остварат шпекулациите кои го поврзуваат со Салернитана.

Првпат по 23 години Салернитана ќе игра во најсилната италијанска лига, а „Спортмедиасет“ пишува дека нивно ново засилување би можел да биде Бобан Николов.

Николов минатата сезона настапи на 15 натпревари за Лече но не се договори за продолжување на соработката, па сега бара нов клуб како слободен играч.

Салернитана ја разгледува можноста да го искористи фактот што Македонецот е слободен и да му понуди договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons