Не за два туку за три денари повисока акциза планира министерството за финансии

Зголемената акциза нема драстично да ги поскапи горива и покрај растот на цената на нафтата на светските берзи . Ова бил аргументот на министерката за финансии Ангеловска со кој ги убедувала преставниците на бизнис Коморите и превозниците  дека  ќе се  обиде цената на горивата  да се задржи на ниво на почетокот на годината.  Тогаш Еуросупер 95 се продаваше по 68 денари за литар,  сега чини 48,5 денари.  98 цата беше  70 денари или 15 повеќе од сегашната цена. За да се спречи падот на цената , ОПЕК плус го ограничува дневното производството почнувајќи од мај, со кој се очекува скок на цената

По барање на Стопанска Комора за зголемување на акцизата за 2 денари, за да се наполни буџетот,  министерството за финансии и Царината веќе ја подготвуваат  Уредбата, но порастот  во истата е за 3 денари. На предлогот на Стопанската Комора се спротивставија сите засеганти – Макамтранс, Сојузот  на Стопанските  Комори, Федерацијата на фармери и Комората на Северозападна Македонија

Здружението на превозници Макатранс  апелирал ваква антикризна мерка да се носи минимум 3 месеци по завршување на здравствената криза, а не сега кога стопанствените се обидуваат да го задржат секое работно место. . Во однос на Екстралесното гориво, што одредени транспортери го користат наместо дизел, , велат дека државата , ако сака, има механизам за контрола , а не со вакви мерки  цехот да го платат граѓаните и стопанството.

Дали ќе се прифати предлогот, со кој годишно во буџетот би се слеале дополнителни 46 милиони евра, Владата ќе одлучи до крајот на неделава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons