Нејмар се соочува со суспензија на седум натпревари

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар може да биде суспендиран на период од 4 до 7 натпревари заради однесувањето на натпреварот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1), објави „РМЦ Спорт“.

На крајот од натпреварот дојде до расправија меѓу играчите, како резултат на што неколку играчи добија црвени картони, меѓу кои и Нејмар.

По натпреварот, Бразилецот ги обвини своите противници за расизам.

При разгледување на овој случај, Дисциплинскиот комитет на Француската професионална фудбалска лига ќе се потпре на регулативата на Француската фудбалска федерација, која предвидува дисквалификација до седум натпревари за такво однесување. Одлуката за тоа колкава казна ќе добие ѕвездата на ПСЖ ќе биде донесена в среда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons