На ГП Прешево фатен македонски државјанин со шверцуван златен накит

На граничниот премин Прешево-Табановце, српските цариници во автомобил БМВ со швајцарски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Северна Македонија, во кеси зад возачкото седиште пронајдоа 735 грама златен накит, јави дописникот на МИА од Белград.

-На прашањето на цариникот дали има нешто да пријави, возачот одговори негативно, но деталната проверка на БМВ го покажа спротивното, соопштија од Управата на царината на Србија

Како што се посочува, во кесите зад возачкото седиште, цариниците пронашле вистинско мало богатство – 735 грама тежок златен накит, спакуван во кутии.

Меѓу пронајдениот накит, најбројни беа нараквици, а најмасивен предмет беше богато украсен ѓердан, тежок 122 грама.

Проценетата вредност на откриениот накит ја надминува сумата од 20.000 евра, или 2,5 милиони динари.

Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин, прекршочната постапка се водеше по итна постапка, и судот изрече парична казна и заштитна мерка трајно одземање на непријавените вредни предмети, се наведува во соопштението. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons