Наставната година ќе заврши на 10-ти јуни, смирува МОН

Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни. Иако поради пандемијата наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во улилиште клупи до 21 август, велат од министерстовто за образование и наука. 

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал број на денови и треба да се направи разграничување на наставна од учебна година. Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.

Ова следи по одлуката на Владата објавена во службен весник која предизвика конфузија во јавноста во однос на тоа до кога децата ќе одат на училиште. Во одлуката беше наведено дека новата учебна година ќе трае од 1-ви октомври до 31-ви август. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons