Над 300.000 деца секоја година заболуваат од рак

Децата не знаат низ што минуваат, но родителите се свесни и затоа најмногу им е потребна психолошка поддршка во борбата со канцерот. Ваква порака испрати 21-годишната Теодора Трајковска, која пред 10 години се изборила со леукемија.

“Дефинитивно најважна е психолошката поддршка, бидејќи во тој процес и родителите и децата многу се психички паднати бидејќи сепак се работи за нивниот живот. Најчесто децата се на помала возраст и толку не ја разбираат ситуацијата во која се наоѓаат. Но, за разлика од нив, родителите се свесни за сè што им се случува и баш на родителите треба да им дадеме психолошка поддршка, бидејќи ние како волонтери веќе сме го поминале целиот тој процес и знаеме што и како се случува, кои се нус последици од терапиите и секогаш ги тешиме дека мора да гледаат позитивно на целиот тој процес”, вели Теодора Трајковска.

Во моментов на Клиниката за детски болести во Скопје има 20 дечиња кои се борат со карцином. Статистиката покажува дека процентот на излекувани дечиња е речиси 90%.

Од Министерството за здравство информираат дека во тек се завршните подготовки за да се овозможи трансплантација од несроден дарител за деца.

“Би им порачала на сите, кои се моментално во болниците, да бидат силни, да се со позитивна мисла и дека сета таа голгота ќе заврши со среќен крај”, порачува Теодора Трајковска.

Денеска е Меѓународен ден посветен на дечињата кои се борат со канцер. Во Градскиот Парк дојдоа многумина граѓани, волонтери и средношколци да им дадат поддршка на малите херои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons