МОН го повлече од употреба учебникот по географија за втора година средно

Министерството за образование и наука информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование.

Денес министерката за образование и наука Мила Царовска го потпиша решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава.

Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Македонија, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование.

Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година.

Во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, еден од клучните чекори е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование. Пропустите кои низ години се провлекуваат во повеќе учебници и материјали, со реформите ќе бидат целосно отстранети и системски решени. Новиот закон за дидактички материјали и учебници е веќе објавен на ЕНЕР и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons