Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ на Наташа Андонова во МКЦ

Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова вечер во 19 часот ќе биде претставена во изложбениот салон на МКЦ-Скопје.

Настанот, што го организираат Музеј на град Скопје и Град Скопје, е во рамките на циклусот Калеидоскоп од КреАрт проектот.

На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци, информираат организаторите.

Од 2017 Град Скопје е еден од 12-те европски градови вмрежени во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons